Archive for поезија

Ноќва

Pasion_by_deviantLEXXAНоќва ќе се обвиткам низ твоето постоење

и ќе живеам во тебе….

Ноќва полека ќе рефлектирам светлина на твоите гради

и ќе танцувам низ неа,

полека,

нечујно,

засилувајќи  го тактот до изнемоштеност…….

Ноќва ќе одберам нежна лирска песна,

и ќе ја пренесам во сивилото на твојата умост…….

Ноќва ќе ме имаш  во очите ,

и ќе гледаш низ нив живост,

водечка,

кротка,

сензуална,

и во одредена мера актерска……

Ноќва ќе бидам почетник со моја интерпретација на сегашноста,

и визија за во иднината……

Ноќва ќе ти донесам  есеј во срцето,

и сага во душата  преклопувајќи ги некаде на средина……

Ноќва ќе ја одгатнам твојата загатка

низ моето издишување и вдишување испрекинато…….

Ноќва спомените ќе ти залелекаат и заофкаат – но среќни…..

Ноќва ќе бидам твоја кристална топка, држена на дланка,

обидувајќи се да заборавиш на времето,

а тоа ,

тече, тече,

минува, одминува………

Ноќва ќе бидам твоја сродничка,

раскажувачка на приказни со среќен крај ,

приказни со кородирани чувства…….

Ноќва ќе те пленам со нескротена страст – зошто тоа го можам……

Ноќва ќе ми ги подариш сите извици на страст за да ти ги сочувам- за секогаш ……

Ноќва ќе ме имаш…..

Ноќва ќе те имам….

Ноќва ќе сетиш скокот , а тоа ќе сум јас ……

Ноќва и само ноќва се имаме.

Ова утро

 

 

 

 

Exhalt_by_AleCota

 

Тивко летнувам кон моето духовно царство

со желби кои се собираат себеси.

Денес е ден за пишување со љубов ,

за создавање на ново парче на уметноста,

со така малку истурени чувства.

Денес знам – моќта на моите зборови ќе те заведе.

Ќе ме замислуваш

до тебе,

покрај тебе ,

во тебе,

ти во мене ,

јас низ тебе……

еден до друг,

еден под друг ,

еден на друг ……испреплетени

Денес ќе бидам желба твоја единствена…..

А вистините си доаѓаат дома,

и ние само веруваме во фантазиите ова утро,

Кршејќи ја бариерата

и пробивајќи го звучниот зид

со овие наши воздишки, од двете страни.

Ме слушаш ли сега – воздивнувам.

Слушна ли звук на интима помеѓу седмиот и осмиот ред овде ….

Слушаш ли безмалку вистини сега.

Ме нема во запирките.

Ме нема во точките.

Ти велам не живеам јас во песните ова утро

…. Тивко и во себе

9612_a715_480

 

..Во исчекување на вистинско време (ако го има)

со хронична замисленост

и играње на шарени игри со своето срце

во немир сум со себе

со безброј конфликтни желби, кои светкаат

кон телепатското комуницирање

може се отворени и искрени

може се топли и театрални

а јас сепак мал зависник од чувства

со можеби преодна фаза на губење

и сомневања , несигурности , борби и фантазии

пишувам ……

и сепак

записот е ефикасен начин за ослободување на идеите …..

Индивидуа (меѓу другото)

32646ae05044a8a715b8e5b54b66a42b

 

Моќна , смела , среќна и времена

со доминантна карта

за прелажување….

Изрипува од горчината,

со стаклени кугли од презаситеност,

и впереност кон свиленото сврзување,

спроти ублажувањето на својата магловитост…

Звучно изнудува одлуки,

кои се лизгаат кон нешто исконски нечесно…..

Умира и сумира,

се раѓа и повторно умира,

со демонстрација на престиж….

Опејува лажни ликови ,

типува и расипува,

граба и пушта,

и одново,

и одново …..

создава профил на индивидуа …….

Ноќ

Island_at_Night_by_gucken

 

Тивко се завлече
низ времето на синилото,
и волшебно раснеше исцрпувачки ,
во очите на тивкиот соговорник
зголемувајќи му ги зениците….
Милитантно се побуни
гледајќи  кон нова премиера, ново раѓање
и кротко ги зема под закрила сите бои,
нудејќи им мало безопасно возење
во сосем поинаков свет…..
Сакаше да обои , да смени се
а ноќ беше , тивка ноќ…..
Ноќ

Девојката од песните

back_by_teleViZor

Девојката од песните
опсипана со лажна љубов , романса и спектакуларност
топна со прстите и се разбуди од хипнатизираноста
и посака ново утро.

Девојката од песните
често опишана со чувствителни епитети и безброј придавки
ја напушти Земјата ,

ветувајќи си го Космосот.

Девојката од песните
скриена меѓу почетокот и крајот,
соодветно , причински, длабоко и безгрижно
се нурна во својата екстаза и сети ново чувство.

Девојката од песните
се разбуди од хипнотизираноста,
ја напушти Земјата,
се нурна во својата екстаза,
……и престана да блада…..во еден миг ….
Девојката од песните ….токму сега ….
…..ја снема!

Обиди

_My_Souls_On_The_Other_Side__by_Dreamless_Immortal

Впуштајќи се заедно во длабоки и матни води,

отфрлајќи ја оваа релаксирачка моќ,

нижејќи небесни сказни ,

одобрувајќи покани сместени во бели коверти,

зафрлени сме,

несигурни и нестабилни,

со благодарност и простување,

на една нова увертира,

по теорија еднаква на животно дело,

по пракса ништожна и блудна……

Наизменично ме викаш,

повикуваш,

довикуваш,

привлекуваш,

одвлекуваш ,

и одбиваш ….

И повторно исто….

А всушност тешко е епски да пишуваме ……

Импулс…..импулсивно ….

happy_by_roarysea

 

Природно ме носиш во себе,

како предизвик пред кој потклекнуваш,

со протегање на твојот здив од овде до виножитото,

каде го има само мојот мирис,

и ја гледаш само мојата боја…..

Без почит ти тежат сите твои опции,

возвишени  за некој степен на самоувереност,

а можностите ти минуваат ,

летаат како хартиени авиони,

и заземаат само една страна,

паѓаат онаму каде јас оставам совршен впечаток…..

онаму,

низ игрите на овие зборови….

Немаме баш многу заедничко,

освен текстурата на бојата во која сонуваме,

а бојата е различна,

соновите исти, кратки ….

совршено кратки …..

 

Клучен збор за денес – импулсивно !

Денот кога зборовите бегаа -11

writer_by_AmythePirateМи побегнаа денес зборовите ,

истанчени од немите чувства,

бесшумно одвеани во неповрат…..

А сакав денес да зборувам за љубовта,

само онака на мој начин,

без внимателни објаснувања,

и нови позадини во веќе познати бои……

Сакав само да зборувам за љубовта,

онака без рамка, нецензурирано,

без посебен повод ,

со доза на неочекувани чувства……

Сакав денес повторно да проговорам за љубовта,

без рутина , без шок,

само со својствено ширење на зениците,

и тахикадрично срцебиење,

онака непречено, како тек на вода…..

Сакав денес да пронајдам збор,

да измислам,

да осмислам,

да создадам,

да насликам….

нешто проближно на неа,

а зборовите бегаа,

мислите лутаа,

неочекувано со очекувана брзина,

затскривајќи се во впечатокот на еден непознат лик,

останувајќи на усната на случајниот читател,

паѓајќи во неговото бесознание …….

сакав  денес…..

Ова е денот кога и зборовите заскитаа во некои за нив непознати простори …..

Дневно сегментално – 10

a_shadow_of_its_shadow_by_xyour

 

ТИ…..

ТИ ….

Лику во изблик,

лику со безлик…..

Падни подлабоко во љубовта,

за да го видиш дното,

за крајот на патиштата да те доведе до мене – пак….

И повторно ќе ме ставиш на пиедестал,

направен од твоите духовни поени ……(се молиш знам )

Но …..

Запамти ,

реалноста од денес е поинаква за нас ,

и сега немаш никаква смисла……

Безпредметно и сепричински те сместив некаде подлабоко,

ја дознав и твојата тајна во боја,

мислам дека беше сива,

а не црна ,

ниту бела….

Онака сива како чад,

сива како пепел ,

сиво сива……

Ако ова сега е будење на ново чувство во мојот ден ,

ќе те замолам да истечеш, да искапеш ,

како солза,

без искушение , без колебливост ,

зошто јас уживам во секоја измината минута …… без тебе …..

« Previous entries